Забелешка: поради годишни одмори нема да примаме апликации од 1-16 август . 

ИЕЛТС (Меѓународен систем за тестирање на англискиот јазик) е најпопуларниот тест за познавање на англискиот јазик во светот. Секоја година се полагаат повеќе од два милиона тестови ИЕЛТС.

Полагањето на ИЕЛТС отвoра многу можности – може да ви помогне да живеете, да студирате или да работите ширум светот. Повеќе од 9.000 организации од 140 земји, вклучувајќи владини, образовни, како и институции за вработување го прифаќаат ИЕЛТС.

ИЕЛТС е единствениот тест за познавање на англискиот јазик што е прифатен од сите земји кои бараат при доселување ваков тест.

Доколку аплицирате за виза за да се преселите, или за да престојувате во Обединетото Кралство, ИЕЛТС е на листата на одобрени сигурни тестови по англиски јазик. Можете да пронајдете повеќе информации во делот ИЕЛТС за виза и за имиграција во Обединетото Кралство.

Пријавете се за ИЕЛТС веднаш

ИЕЛТС заеднички припаѓа на Британскиот совет, ИДП ИЕЛТС Австралија и Јазичното оценување на англискиот јазик од Кембриџ.

Дознајте повеќе за ИЕЛТС