Доколку сте студент или професионалец кој сака да си ги зголеми шансите за напредување во кариерата, можеме да ви помогнеме да стекнете угледна британска диплома. Британските дипломи се признаени и ценети ширум светот, оттаму вашата британска диплома ќе биде добар темел врз кој ќе можете да ја изградите вашата иднина. Можете да одите да студирате во Обединетото Кралство или да студирате преку Учење од далечина (Distance Learning).

Партнерства со професионалните и образовните институции во Обединетото Кралство

Создадовме партнерства со голем број професионални и образовни институции во Обединетото Кралство со цел да администрираме испити од различни области.

Доколку се имате пријавено во некоја институција во Обединетото Кралство и сакате да полагате испити во Македонија, можеме да го проследиме вашето барање и да го организираме полагањето на испитот. За повеќе информации контактирајте со нас преку имејл.

Учење од далечина (Distance learning)

Учењето од далечина стана популарен избор меѓу студентите, а многу образовни установи и центри за обука во Обединетото Кралство го нудат заедно со учењето „лице в лице“. Тоа има неколку предности:

  • нуди можност да се усогласи студирањето со професионалните и / или родителските обврски;
  • нуди врвни дипломи кои се еквивалентни со конвенционалните дипломи;
  • системот е акредитиран и признаен;
  • студентите учат кога сакаат и со темпо кое самите ќе си го одредат;
  • намалени се трошоците за студирање;
  • не мора да патувате за да добиете признаена британска диплома – испитите можете да ги полагате овде, во Британски совет!

Како да се регистрирате за учење од далечина?

За да најдете студиска програма посетете го нашиот портал Образование во Обединетото Кралство.

Некои од образовните институции кои ги користат нашите услуги се:

Професионални здруженија кои ги користат нашите услуги се:

  • АЦЦА (Здружение на овластени сметководители)
  • ЦФА (Овластен финансиски аналитичар)
  • ЦИМА (Овластен институт за сметководители)
  • Би-би-си (Британска радиодифузна компанија)


Тестовите со испитните прашања ги добиваме од универзитетите или професионалните институции и обезбедуваме простории за одржување на испитите и надгледувачи за истите. Потоа, тестовите со одговорените испитни прашања ги испраќаме во Обединетото Кралство по имејл. Се грижиме да бидат исполнети сите услови и да бидат проследени сите регулативи пропишани од образовните институции и професионални тела.

Надоместокот за полагање еден испит изнесува 4500 денари. Доколку треба да ги испратиме тестовите по пошта, наплатуваме дополнителна такса во зависност од земјата.

Потребни ви се повеќе информации?

За повеќе информации за испитите, ве молиме испратете ни имејл, јавете ни се на (+389 2) 3135 035, лок. 2110 (од 10.00 до 12.00 часот), или побарајте нè на Фејсбук. Можете и да нè посетите секој понеделник и среда (од 15.00 до 17.30 часот) и петок (од 10.00 до 13 часот).