
Обединетото Кралство нуди светски признат образовен систем и квалификации кои можат да бидат од пресудно значење за вашата кариера.
Доколку размислувате за студирање или учење англиски јазик во Обединетото Кралство разгледајте ги долунаведените опции кои содржат најнови информации за курсеви, квалификации, институции, задолжително ниво на познавање на јазикот и други корисни информации за да дознаете што е можно повеќе за вашето образование во Обединетото Кралство.
Посетете ја нашата веб страница Oбразование во Обединетото Кралство за да дознаете како да аплицирате во училишта и универзитети во Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска. Пронајдете го курсот кој најмногу ви одговара.

Со нашата Програма за акредитација поставени се високи стандарди за квалитетот на вашиот курс по англиски јазик во Обединетото Кралство за кои можете да прочитате на нашите веб страници Образование во Обединетото Кралство и Англиски јазик во Обединетото Кралство. Дознајте повеќе за учењето англиски јазик во Обединетото Кралство.
Разгледајте ги информациите за стипендии за да дознаете повеќе за можностите за финансирање на вашите студии во Обединетото Кралство.
Можеме да ви помогнеме доколку сакате да ги тестирате и развиете вашите јазични вештини. Без оглед на вашето ниво на познавање на англискиот јазик, ви нудиме разни можности за учење англиски јазик во Обединетото Кралство, како и информации за можностите за студирање и местата каде што може да се студира (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска). Доколку, пак, сте наставник по англиски јазик, ви нудиме материјали на интернет и мрежи за поддршка на вашата работа.