A woman with glasses leaning over a table pointing to a laptop screen as a seated man and woman look on

Програмата „Мedia for All“ овозможува менторство, обука и поддршка од експерти за локалните медиуми ширум Западен Балкан, за поефективно вклучување на публиката. 

Programi Media for All ofron mentorim, trajnime dhe mbështetje nga ekspertët për pikat lokale të medieve në Ballkanin Perëndimor që të angazhohen në mënyrë më efektive me audiencat e tyre.

Преку нашата програма за родова еднаквост „Media for All“ се справуваме со нееднаквостите кои ги искусуваат новинарите и новинарките, уредниците и менаџерите преку обуки, вмрежување и менторство. Соработуваме со медиумите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) за да воведеме етичка политика и политика на уредување со кои ќе се овозможи да бидат застапени разноликоста и разните ставови на нивната публика.   

Британски совет соработува со партнерите Фондацијата „Томсон“, БИРН и ИНТРАК за програмата „Media for All“, којашто е финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Ги охрабруваме медиумите да бидат финансиски и структурно независни, да ја унапредат родовата еднаквост на работното место и ги поддржуваме да создаваат поквалитетна, релевантна и родово чувствителна содржина што ќе привлекува и вклучува нова публика, вклучително жени, млади и маргинализирани групи.  

Нашиот водечки експерт за родови прашања, Лејла Хаџиахмиќ, појаснува какви чекори преземаме за да ја подигнеме свеста за значајноста на родовата еднаквост. 

Родово истражување – што постигнавме досега

Со програмата „Media for All“ ја третираме родовата еднаквост не само како интегрирана, туку и како самостојна област. Целта да се постигне родова еднаквост во медиумите е амбициозна, бидејќи медиумите го обликуваат нашето општество преку содржината која ја емитуваат за нивната публика. Медиумите може да бидат инструмент за промена во поглед на родовата еднаквост или, сосема спротивно, да ја одржуваат непроменета состојбата во која мажите се на одлучувачки позиции, а жените се исклучени и обесправени.

Нашето истражување во секторот на медиумите во Западен Балкан утврди постоење на родова неурамнотеженост и ни предочи разни ситуации во кои жените се невидливи. Ова постојано ги дефинира структурите, политиките, процесите, системите за поддршка и застапеноста во медиумите, и резултира со несоодветно уважување на одредени потреби и интереси на мажите и жените. Согласно истражувањата и анализата на моменталната состојба, се воведоа голем број родово трансформативни активности за справување со утврдените недостатоци и постоечките родови односи, со надеж дека ќе се иницира преобразба на вкоренетите нееднаквости и ќе се постигне еднаквост. 

Обука, менторство и родово мапирање

 Имајќи го ова предвид, соработуваме со тим составен од 15 водечки експерти за родови прашања и медиуми од регионот, кои се посветени на обучување, менторство, мапирање, истражување и развој. Од самиот почеток на програмата:

  • ја претставивме првата програма за менторство наменета за жените во медиумите; 
  • ги мапираме постоечките мрежи и истражуваме на кои начини може да се олесни поврзувањето и да се унапреди солидарноста со жените во медиумите;
  • истражуваме и создаваме политики за родова еднаквост за медиумите со коишто работиме и работиме на градење на капацитетите во областа на родовата еднаквост и безбедноста на новинарките и новинарите; 
  • го истражуваме влијанието на Ковид-19 врз жените во медиумите. 
  • Сите овие активности се создадени со цел да извршат влијание да се поттикнат промени во секторот на медиумите во шесте земји од Западен Балкан на разни нивоа – на ниво на политика, организација и поединец. 

Родово истражување и политика 

Во поглед на структура и политика, нашиот проект за менторство за родово истражување и политика се стреми да ги утврди недостатоците на постоечката политика и добрите практики, со цел да им овозможи менторство на медиумите за создавање политика за родова еднаквост на работното место, како и за политика за создавање родово чувствителни содржини. Проектот опфаќа обука и шестнеделен инструментален процес на менторство. Во моментов, 14 медиуми од шест држави работат со нашиот виш експерт за родови прашања, со цел да создадат сопствени политики кои ќе бидат во согласност со нивните потреби.  

Ги мапираме мрежите на жени во медиумите ширум Западен Балкан, со цел да им помогнеме да се поврзат и да ја зајакнеме заедницата и солидарноста со жените во медиумите од Западен Балкан. Ги поврзуваме жените од медиумите во регионот, со цел да се слушне нивниот глас, да ја зајакнеме довербата и солидарноста и да влијаеме да се воведат позитивни промени. 

На ниво на поединец, нашата пилот-програма за менторство за новинарки кои се на почетокот од нивата кариера е иницијатива која за првпат се јавува во секторот на медиумите. Шест познати и искусни новинарки од регионот работат со 15 новинарки кои се на почетокот од нивната кариера во новинарството, со цел да им се пружи поддршка за личен и професионален развој. Како дел од процесот, создадовме безбеден простор за менторките и менторираните новинарки, каде што тие ќе изградат однос кој ќе се темели на доверба и во кој менторките ќе им пружаат поддршка на менторираните новинарки и ќе ги поттикнат да ги унапредат нивните вештини, капацитети и самодоверба.  

  Онлајн обука за родова еднаквост во тек

Обука за родова еднаквост 

Во исто време, нашата обука за новинари и уредници се стреми да ги преобрази родовите стереотипи во секторот на медиумите, како и го адресира прашањето за безбедноста на новинарите. Со модулот за родова еднаквост се отвора прашањето зошто содржините на медиумите ретко ги прикажуваат жените како активни протагонисти во јавниот живот, а често ги прикажуваат како мајки/сопруги, честопати виктимизирани, или како шоу-ѕвезди кои се претерано сексуализирани. Учесниците дискутираа како се пренесуваат родовите норми и стереотипи преку јазикот и сликите во медиумите, како и како таквиот начин на пренесување придонесува кон постојаниот магичен круг на родови стереотипи од кои произлегуваат долгорочни општествени последици.   

Модулот за безбедност на новинарките и новинарите адресира и друга препрека за родова еднаквост во секторот на медиумите, којашто е дел од проблемот со безбедноста на новинарите. Со овој професионален ризик се соочуваат и новинарите и новинарките, но тој на различен начин влијае на нив. Мажите се претежно изложени на физичко насилство кое е закана по нивниот живот, а жените се соочуваат со посуптилна но подеднакво штетна форма на родово базирано насилство, злоупотребa и малтретирање на работното место, во виртуелниот простор и во нивните канцеларии на работното место. Секторот на медиумите има одговорност да овозможи безбедна работна средина и преку нашите обуки ние го поддржуваме создавањето култура на безбедност за сите.