Регионален координатор за веб и социјални медиуми

Регионалниот координатор за веб и социјални медиуми ќе пружа поддршка на маркетинг колеги во 15 земји, помагајки им при менаџирање на интернет заедници и при пишување содржини кои се актуелни, оптимизирани за интернет пребарувачи и во согласност со брендот. Лицето ќе биде одговорно за осмислување иновативни пристапи за комуницирање со корисници, преку идентификување соодветни содржини и споделување на истите со маркетинг колеги во регионот. 

Детали

Локација Скопје
Времетраење Договор на две години
Работно време 40 часа неделно
Датум на затворање Недела 12 февруари 2017

Опис на работното место

Британски совет има канцеларии во 110 земји во светот. Регионот што го нарекуваме Проширена Европа се состои од 15 земји: Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Израел, Казахстан, Косово, Македонија, Русија, Србија, Турција, Украина, Узбекистан и Црна Гора. 

Регионалниот координатор за веб и социјални медиуми ќе работи со регионалниот маркетинг тим на иновативни и ефективни интернет решенија. Ова ќе вклучува оптимизирање на веб содржини за интернет пребарувачи и создавање корисничко искуство кое дава дополнителна вредност за корисниците. Лицето ќе соработува со тимови во 15те земји наведени погоре на пишување и ажурирање содржина за веб и социјални медиуми, како и на онлајн настани како стримови, твитапи, маркетинг кампањи и слично.

Како да се пријавам

Пријавете се за позицијата на нашиот портал за работни места. Ќе ги контактираме само кандидатите кои ќе бидат поканети на интервју.