По успехот на нашите претходни изложби во Западниот Балкан, Британскиот совет ги покани музеите и галериите да ги номинираат своите куратори за да учествуваат во „Collaborative Collective“ и организација на изложба со фокус на жени уметници (Сара Лукас, Трејси Ејмин, Гилијан Веринг итн.) чии дела се дел од колекцијата на Британскиот совет (погледнете).

Подолу можете да ги видите музеите и галериите, и нивните куратори избрани за програмата: 

  • Арта Агани │ Национална галерија, Косово
  • Благоја Варошанец │ Музеј на современа уметност, Македонија
  • Јелена Огњановиќ │ Галерија Матица Српска, Србија
  • Лана Филиповиќ │ Музеј на современа уметност на Република Србија, Босна и Херцеговина
  • Наталија Вујошевич │ Национален музеј, Црна Гора

Учесниците ќе бидат дел од партнерскиот кураторски процес (тридневна работилница во Нови Сад во декември 2017 и една недела во Лондон во февруари 2018) за да се изберат делата кои ќе патуваат до изложбените места во секоја земја.. Секој куратор назначен за определено место ќе организира презентација на изложбата со надополнување на дела кои го зголемуваат локалниот контекст и перспектива (јуни 2018 – април 2019).

Кураторите ќе имаат прилика да ги претстават нивните збирки на организации и експерти од визуелните уметности во Велика Британија, на настан кој ќе се одржи за време на истражувачкото патувањето во Велика Британија, со цел да се остварат контакти и креираат потенцијални идни соработки.