Програма: | Обука за ментори за дизајн размислување за деца |
Период: | 23-27 ноември 2017 година |
Место: | Јавна соба - Центар за дизајн и иновации |
Учесници: | Дизајнери или едукатори од регионот со значително искуство со програми за деца во формално или неформално образование |
Обучувачи: | Дизајн клуб, Велика Британија |
ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ДЕЦА
Денес, дизајн размислувањето е еден од најчесто користените модели кои ги поттикнуваат луѓето да почнат да истражуваат, сочувствуваат, иновираат и создаваат првични производи и продукти. Јавна соба и Солвео, во партнерство со Британскиот совет го согледаа јазот кој постои помеѓу обучените професионалци кои може да понудат ваква обука од една страна и потребите на родителите и институциите од друга страна. Како одговор на ова, почнуваме четиридневна програма со Дизајн клуб од Велика Британија за креативни организации од регионот. Британските обучувачи ќе работат со 16 дизајнери и едукатори кои се искусни во формални и неформални креативни програми за деца. Учејќи ги потребните знаења и вештини, тие ќе станат ментори за дизајн размислување за деца од 10 до 18 години.
ПАРТНЕРСТВА
Обуката за дизајн се спроведува во рамки на меѓународниот фестивал Недела на дизајнот 2017 во Скопје како партнерсто на следниве организации:
- Северна Македонија (Јавна соба и Солвео)
- Србија (Миксер Белград)
- Хрватска (Croatian Designers Store)
- Албанија (Недела на дизајн Тирана и универзитетот Полис)
- Бугарија (Недела на дизајнот Пловдив)
- Косово (Ќарт Приштина)
- Босна и Хецеговина (Миксер Сараево)
- Црна Гора (Ѕид)
- Романија (Институт Букурешт)
ПРЕДВИДЕНА ПРОГРАМА (4 ДЕНА)
Практична обука со вовед во дизајн размислувањето, потребата и целта,како и наставна содржина која на менторите ќе им понуди знаење и алатки и ќе ги води низ петте клучни етапи на процесот на дизајн размислување: дефинирање на предизвик за дизајн, емпатија со крајните корисници, идеализација на можности, дизајн на прототип и тестирање на дизајнот во реално опкружување со повратна информација.
НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ 2017 ВО СКОПЈЕ
НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ 2017 ВО СКОПЈЕ ќе се одржи од 22 до 26 ноември 2017 година во Јавна соба - Центар за дизајн и иновации. Фестивалот здружува дизајнери и професионалци од Европа, овозможувајќи им да изложуваат, работат, продаваат и да комуницираат со различна публика. Секоја година фестивалот го посетуваат повеќе од 15,000 посетители.