Нашите бесплатни отворени онлајн курсеви (МООК)

Придружете се на нашите масовни отворени онлајн курсеви (МООК) за да си го подобрите англискиот јазик, да го подобрите знаењето за разновидни теми и да се поврзете со лица кои го учат англискиот јазик од целиот свет. Дознајте што е МООК и како функционира и регистрирајте се за нашите претстојни курсеви. 

Дознајте повеќе за претстојните МООК курсеви на Британскиот совет за кои може да се пријавите:

Teaching for Success: Училницата и светот

Овој бесплатен интернет курс е наменет за наставници по англиски јазик низ целиот свет. Ќе ви помогне да ги развиете вештините и практичното искуството потребни за ваш континуиран професионален развој. Приклучете се на курсот помеѓу 29 мај и 26 јуни 2017 година.

Како да успеете на глобалниот пазар на трудот

Почетоците во кариерата или отпочнувањето со работа на ново работно место со себе неминовно носат многу прашања. Подготвивме курс кој ќе ве води низ почетните недели и месеци. Придружете се на нашиот бесплатен онлајн курс и подгответе се за вашето прво работно место или за почетоците од вашата кариера.

Професионални практики за настава по англиски јазик

Бесплатен онлајн курс за наставници по англиски јазик од целиот свет. Со него ќе ги развиете вештините и практиките што ви се потребни за континуиран професионален развој (КПР). Приклучете се на курсот помеѓу 6 март и 3 април 2017 година.

Истражи го англискиот: јазик и култура

Зголемете ја вашата самодоверба во англискиот и подобрете ги јазичните вештини со овој бесплатен онлајн курс, а во исто време имате можност да истражувате за британската култура. Приклучете се на курсот помеѓу 3 април и 15 мај 2017 година.

Exploring English: Language and Culture