Овој бесплатен интернет курс е наменет за наставници по англиски јазик низ целиот свет. Ќе ви помогне да ги развиете вештините и практичното искуството потребни за ваш континуиран професионален развој. 

Со учество на овој курс, ќе се запознаете со четири професионални модули:

  • интегрирање на информатичко-компјутерската технологија 
  • промовирање на вештините на 21 век 
  • употреба на повеќејазичниот пристап 
  • разбирање на образовните политики и практики

Курсот е направен врз основа на повеќегодишното искуство што Британски совет го има во обучување и развој на наставници низ целиот свет. Корисен е за наставници по англиски кои работат во основно, средно и високо образование. 

Курсот е флексибилен и ќе ви одземе најмногу два часа седмично, во период од четири седмици, така што може да се вклучите во време кое вам ви одговара. Пријавувањето трае сè до последниот ден на курсот. 

Овој бесплатен интернет курс е дел од нашата програма „Teaching for Success: Практични искуства во предавањето англиски јазик”. Преку програмата можете да научите повеќе за 12 професионални практики за континуиран професионален развој во рамката за развој на наставници од Британски совет.