Англискиот јазик е неопходен доколку сакате да напредувате во денешната брзодвижечка глобална економија. И бидејќи знаеме дека англискиот кој го користиме на работното место е различен од оној кој се користи во секојдневните ситуации, т.е. разговорниот англиски, овој бесплатен курс е специјално направен имајќи ги предвид овие разлики. 

Овој бесплатен курс е совршен за оние кои учат англиски и се заинтересирани за усовршување на англиските јазични вештини со цел да најдат подобра работа. Погоден е истотака и за млади професионалци кои се на почеток на својата кариера и сакаат да ги унапредат јазичните вештини.

Секоја седмица ќе се фокусираме на различни аспекти од употребата на англискиот јазик на работното место. Ќе имате пристап до видео и аудио материјали на луѓе кои:

  • бараат и конкурираат за работа
  • се подготвуваат за интервју за работа
  • учествуваат на интервју за работа
  • започнуваат со нова работа
  • и работат со нови колеги.

Кратките текстови и разговори ќе ви помогнат да го процените своето знање и да го вежбате англискиот.

Курсот „Англиски јазик на работното место” е многу флексибилен. Потребни ви се само два часа седмично, во период од четири седмици, а може да се вклучите во време кое вам ви одговара. Пријавувањето трае сè до завршувањето на курсот.