Овој бесплатен интернет курс ќе ви помогне да го дознаете најдобриот начин на кој малите деца учат англиски како втор јазик, додека во меѓувреме сè уште го учат мајчиниот. 

Преку учество на курсот ќе научите како и зошто децата учат најдобро преку игра, како и што родителите и воспитувачите можат да направат за да им овозможат на децата да извлечат најмногу од процесот на учење.

Нашите обучувачите ќе ги споделат своите знаења и искуства со цел да научите:

  • како најдобро да зборувате со вашето дете
  • како да создадете најдобра средина за учење англиски како втор јазик
  • и како најефикасно да го следите нивниот напредок.

Ќе имате можност да се вклучите во дискусиите за детскиот развој и учење на англиски во раното детство и да разговарате со нашите искусни обучувачи на оваа тема. Ќе имате и можност да ги споделите вашите мислења, идеи и прашања со другите учесници.

Нашиот курс е многу флексибилен и потребни ви се само два часа седмично, во период од шест седмици. Може да се вклучите во време кое вам ви одговара. Пријавувањето трае сè до завршувањето на курсот.