Exploring English: Language and Culture

Овој курс е наменет за лица што го учат англискиот јазик и се заинтересирани да дознаат нешто повеќе за британската култура, но и да ги подобрат вештините по англиски јазик. 

На курсот ќе се користат куси видеа за да се претстави различна тема секоја недела, како што се англискиот како глобален јазик, животната средина, претприемништво и литература. Снимени во Велика Британија, овие видео записи ќе ви помогнат да ги развиете вештините за слушање додека гледате автентични примери на лица што зборуваат англиски. Нашиот искусен тутор ќе се осврне на дел од јазикот што се користи во видеата и ќе ви го сврти вниманието кон важни поенти што ќе ви помогнат да го подобрите вашиот говорен и пишан англиски.  

Овој курс се базира на квалитетната содржина за учење јазик на Британскиот совет и ќе ви овозможи:

  • да ги вежбате вашите вештини онлајн 
  • да комуницирате со лица од целиот свет 
  • да го подобрите вашиот англиски, и 
  • подобро да ја разберете британската култура.

Нашиот курс „Истражи го англискиот: јазик и култура“ трае шест недели, но е многу флексибилен. Ќе ви одземе најмногу два часа неделно, така што ќе може да вежбате во време што ви одговара. 

See also