Овој бесплатен онлајн курс ќе не води низ животот и делата на Вилијам Шекспир, од неговото родно место во Стратфорд на Авон до театарот Глоуб во Лондон.
Ќе се осврнеме на пет драми на Шекспир со помош на актери и експерти од целиот свет. Тие ќе ги објаснат и истражуваат универзалните теми што Шекспир ги разработувал во неговите дела. Драмите се:
- „Ромео и Јулија“
- „Хамлет“
- „Многу време за ништо“
- „Бура“ и
- „Магбет“.
Нашиот видео тутор ќе ве води низ курсот и ќе се осврне на некои зборови и изрази што Шекспир ги вовел во англискиот јазик. Може да проверите колку разбирате преку куси квизови, а ќе треба да ги споделите вашите идеи и мислења за темите што ги отворил Шекспир.
Курсот Истражи го англискиот: Шекспир е многу флексибилен и ќе ви одземе најмногу два часа неделно, така што може да вежбате во време што ви одговара. Може да се пријавите од сега па до последниот ден на курсот.