Што е Масовен отворен онлајн курс (МООК)?

Масовниот отворен онлајн курс (МООК) е бесплатен онлајн курс што го поддржува учењето по различни предмети и е отворен за сите што имаат пристап до компјутер и интернет. Целта на МООК е да ги поврзе учениците од целиот свет со педагози и едни со други. 

МООК курсевите на Британскиот совет се достапни на FutureLearn – британска социјална платформа за учење во сопственост на Отворениот универзитет, со искуство во учење на далечина и онлајн образование повеќе од 40 години.  

Нудиме повеќе МООК курсеви што се фокусирани на различни теми. МООК „Разбирање на ИЕЛТС“ на Британски совет го урна светскиот рекорд како најголемиот МООК воопшто со повеќе од 440,000 ученици од неговиот почеток. 

До сега сме испорачале МООК на повеќе од 1,4 милиони учесници во светот. 

Како да се приклучам на еден курс?

Одберете го курсот што ве интересира и регистрирајте се на страницата на курсот. 

Кога можам да се приклучам на курсот?

На МООК може да се приклучите во секој момент, во целото времетраење на курсот, од првиот до последниот ден. 

Од каков уред можам да се приклучам на курсот? 

На сесиите може да се пријавите од персонален компјутер, лаптоп и таблет. 

Дали има трошоци за регистрација?

МООК се бесплатни и учесниците можат да пристапат до нив од секаде каде што има интернет конекција. 

Дали треба да исполнам некои критериуми за да се приклучам на курсот?

Пред да се пријавите, ви препорачуваме да проверите дали курсот ги исполнува вашите очекувања и е погоден за вас. Деталите за содржината на курсот се достапни на страниците на курсот. 

Дали ќе добијам сертификат за посета на курсот?

За овие онлајн курсеви може да купите Потврда за учество – ова е персонализиран, испечатен сертификат што потврдува дека сте учествувале и сте ги завршиле потребните делови од курсот. Мора да се означени повеќе од 50% од сите чекори во курсот како завршени и да се обидете да ги одговорите сите прашања во тестот за да може да купите потврда за учество. 

Со кого да стапам во контакт за повеќе детали?

За повеќе детали за МООК курсевите на Британски совет, стапете во контакт со нас.