Овој бесплатен онлајн курс ќе ви помогне да се подготвите за вашето прво работно место или за почетоците од вашата кариера. На почетокот на кариерата се соочувате со многу прашања. Затоа подготвивме курс кој ќе ве води низ почетните недели и месеци од вашето вработување. 

Одличен за студенти, дипломци, за оние кои се враќаат на работа и за сите што сакаат да ги унапредат своите вештини, овој бесплатен онлајн курс ќе ви ги пренесе вештините и техниките за самоуверено да комуницирате и да изградите успешни меѓучовечки односи со колегите. Истовремено ќе ви помогне да бидете успешни на глобалниот пазар на труд.

Курсот, кој е подготвен од Британски совет и Универзитетот во Шефилд, се фокусира на основните вештини кои работодавачите ширум светот ги бараат од своите нововработени. Ќе научите како:

  • ефективно да комуницирате со различни култури
  • да се прилагодите на новото опкружување
  • да изградите успешни меѓучовечки односи со колегите

Курсот бара ваше активно учество, нуди статии за читање, видео клипови и интерактивен материјал со насоки и совети кои ќе ви помогнат да стекнете самодоверба при вработувањето.

Курсот „Како да успеете на глобалниот пазар на труд“ е флексибилен и ќе ви одземе најмногу три часа седмично, во период од четири седмици, така што може да вежбате во време кое вам ви одговара. Може да се вклучите од денес, па сè до последниот ден од курсот.