Водење на промени преку креирање политики 

Промените во политиките можат да влијаат на милијарди животи. Што би направиле доколку би можеле да креирате политики со цел да ги промените општествата, да ги трансформирате животите на луѓето и да го промените влијанието што го имаме врз светот? Водењето на промени преку креирање политики ќе ви помогне да ги претворите вашите идеи во реалност. 

Онлајн курсот трае четири недели и е наменет за млади луѓе кои се гледаат себеси како идни лидери. За време на курсот ќе учите од експерти за глобални политики и лидери кои креираат промени во целиот свет. Ќе слушате гости од Обединетите Нации и Горниот дом на Обединетото Кралство и ќе научите како да креирате свој акционен план за политики. 

Откако ќе го завршите курсот, ќе добиете бесплатен сертификат кој Британскиот Совет ќе ви го додели заедно со Институтот Милер (Møller Institute), Колеџот Черчил (Churchill College) и Универзитетот Кембриџ (University of Cambridge).

КОИ ТЕМИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ СО КУРСОТ?

  • Претворање на пасијата во политика
  • Учење од експерти
  • Увид и докази
  • Соработување и влијаење
  • Креирање на свој акционен план за политика

Побрзајте и пријавете се, бидејќи може да се приклучите само во рок од две недели по почетокот на курсот!