Овој бесплатен онлајн курс е наменет за наставници по англиски јазик низ целиот свет. Курсот ќе ви помогне при развивање на вештини и пракси кои ќе ви требаат за продолжување на вашиот професионален развој.

Курсот нуди активно учество и ќе ви овозможи да ги споделите вашите искуства и мислења со другите наставници. Во текот на курсот ќе имате можност да го споредувате вашиот пристап на настава и вашето искуство со пристапот на многу други наставници од целиот свет, воедно дискутирајќи за различните видови на знаења потребни за наставниците. 

Во текот на курсот ќе ги сретнете следните четири теми:

  • разбирање на учениците
  • познавање на наставниот предмет
  • користење инклузивни практики
  • оценување на знаењето

Курсот се базира на нашата долгогодишна експертиза со обуки и развој на наставници низ целиот свет. Курсот ќе им биде корисен на наставниците во основно, средно и високо образование.

Teaching for success: Овој курс е доста флексибилен и ќе треба да одвоите само два часа неделно на него, во текот на период од четири недели, што Ви овозможува да вежбате во било кое време. На курсот може да се пријавите од сега, па се до последниот ден.