Модерните работни места се високо конкурентни и станува сѐ поважно да можете да се истакнете при аплицирањето за вашето прво работно место. 

Овој онлајн курс ќе ви овозможи да осмислите план за вашата кариера и да се подготвите за работа по дипломирањето.Исто така, ќе научите како да им ги презентирате своите вештини и силни страни на потенцијалните работодавачи.

Со завршувањето на курсот ќе се стекнете со следните способности:

  • да ги идентификувате своите силни страни и истите да ги искористите во насока на осмислување на вашиот кариерен пат
  • да развиете ефективна стратегија за да ја добиете вистинската работа за вас
  • да покажете широк дијапазон на професионални вештини коишто ќе ви помогнат да бидете успешни на кое било работно место
  • да соработувате, да воспоставувате врски и да комуницирате поефикасно со лица од различно културно потекло и во различни културолошки контексти.

Овој курс е наменет за оние коишто за прв пат се вработуваат или пак повторно се ангажираат како работна сила по стекнувањето квалификација со завршување високо образование.Овој курс е фокусиран на вештините коишто се потребни за полесно да се справите со преминот од учење кон работа.

Овој курс е прилично флексибилен и ќе ви одземе најмногу до три часа неделно од вашето време, во текот на период од две недели, што значи дека можете да вежбате во кое било време коешто вам ви одговара.