Бесплатниот онлајн курс Професионални практики за настава по англиски јазик е наменет за наставниците по англиски јазик од целиот свет. Тој ќе ви помогне да ги развиете вештините и практиките што ви се потребни за континуиран професионален развој (КПР). 

Курсот е корисен за наставници по англиски јазик на основно, средно или повисоко ниво. 

Секоја недела курсот се осврнува на различна професионална практика што помага еден наставник да биде успешен. 

Дел од неделните теми ќе бидат: 

  • планирање на лекција  
  • управување со класот  
  • ресурси во училница  
  • континуиран професионален развој.

Секоја недела, за да се илустрира главната поента имаме куси видео интервјуа со искусни наставници кои се комбинирани со филмови од училница од целиот свет. 

Овој опсежен курс трае шест недели, но е многу флексибилен бидејќи ќе ви одземе до два часа неделно, па може да учите во време кое вам ви одговара. 

See also