Стекнете се со нови наставни вештини и пракси

Откако ќе научат да подготват одличен час, наставниците по англиски им даваат на учениците најдобра можност да го запомнат наученото. Со овој курс ќе видите четири професионални практики и ќе ги споделите сопствените наставни искуства. 

Ќе научите да ги разбирате учениците и да изградите убав однос со нив. Ќе ги истражите клучните фактори што треба да ги запомните кога ги планирате часовите и курсевите, како што е употреба на ресурси како технологија и флеш карти. Ќе научите и како да се справите со лекцијата и да ги вклучите учениците со вашите наставни методи. 

За кого е наменет курсот?

Овој курс е наменет за наставници по англиски јазик од целиот свет во осново, средно или високо образование. 

Колку време треба да вложам?

Курсот е исклучително флексибилен и ќе Ви одземе само два часа неделно, во период од четири недели, така што може да вежбате кога Ви одговара. Може да се пријавите сега па се до последниот ден од курсот.