Онлајн настава - теорија и пракса
Со затворањето на многу училишта и универзитети како одговор на пандемијата со к+овид-19, многу наставници мораа брзо да се приспособат на драматично различниот контекст на предавање.
Во рамки на овој курс, теоретски и практично ќе ја истражувате онлајн наставата - како да испланирате достапни онлајн лекции и испрашување, како изгледа безбедноста преку интернет и како најдобро да градите врски со младите ученици. На крај ќе разберете како да ги вклучите и ангажирате учениците онлајн, како во синхрони, така и во асинхрони ситуации.
Секоја недела ќе разгледуваме клучните елементи на онлајн наставата:
Практична интеракција | Cоздавање на најдобри услови за вашите ученици да комуницираат на осмислен и разумен начин и да учат заедно преку интернет. |
Ангажирање, содржина и диференцијација | Усогласување на вашето онлајн подучување на потребите на вашите ученици, за да се осигурате дека вашите часови се инклузивни и пријатни. |
Практика, процена и напредок | Помош за учениците да ги развијат своите вештини за говорење и пишување и со помош на процена на наученото, за учениците и нивните родители да станат свесни за нивниот напредок. |
Овој курс е наменет за наставници по англиски јазик, кои предаваат на млади ученици (5–17) во онлајн околина. Не е потребно суштинско искуство со предавање во онлајн ситуации и корист ќе имаат и искусните и наставниците почетници во онлајн наставата.
Додека најголем дел од контекстот се заснова на учењето на англиски јазик, овој курс може да биде корисен и за наставници по други предмети, бидејќи принципите на планирање на лекциите по англиски јазик се применуваат генерално и во останатата онлајн настава.