Нашите четири „Разбирање на IELTS“ курсеви ќе ви дадат целосни насоки за сѐ што сакате да знаете додека се подготвувате за IELTS тестот. 

Секој курс трае три недели и ве води низ една од четирите фази на IELTS тестот – читање, пишување, зборување и слушање. Во секоја фаза добивате совет од нашиот видео ментор и тимот на искусни IELTS едукатори.Исто така, од вас ќе се бара и да споделите ваши искуства, совети и мислења со другите ученици. 

Откако ќе ги завршите сите курсеви, вие: 

  • ќе бидете запознаени со сите делови на IELTS тестот
  • ќе добиете корисни совети коишто ќе ви помогнат да ги остварите вашите IELTS цели
  • ќе разберете како се оценува IELTS тестот 
  • ќе имате можност други ученици да го оценуваат вашиот пишан и говорен англиски.

Курсеви на коишто може да се пријавите сега: 

Разбирање на IELTS:Читање

Овој курс се фокусира на тестот за читање. Ќе го проучувате форматот на тестот и видовите на текст коишто треба да ги прочитате и ќе развивате стратегии за учење коишто ќе ви помогнат да решите различни видови задачи, почнувајќи од избор од повеќе одговори па сѐ до точно, неточно и не е дадено. 

Исто така, ќе разгледувате општи стратегии за читање коишто ќе ви помогнат да се справите со комплексни текстови на непознати теми со коишто ќе се сретнете при изучувањето на IELTS.

Разбирање на IELTS:Зборување

Овој курс се фокусира на тестот за зборување.  Детално ќе ги разгледувате трите делови на тестот и ќе дознаете за четирите критериуми коишто ќе се користат за оценување на вашиот говорен англиски јазик. 

Советите и техниките ќе ви помогнат да го подобрите зборувањето на англискиот јазик и да креирате техники коишто ќе ви помогнат да успеете. Преку вежбите ќе изградите самодоверба и ќе се чувствувате целосно подготвени за тестот. 

IELTS е најпопуларниот тест по англиски јазик во светот наменет за високо образование и глобална миграција. Прифатен е од страна на повеќе од 10 000 организации во светот, вклучувајќи универзитети, работодавачи, имиграциски власти и професионални тела. Во 2018 година, IELTS беше полаган повеќе од 3,5 милиони пати во светот. 

Имаме повеќе од 80 години искуство во предавање на англискиот јазик и оценување и спроведување на IELTS тестови во повеќе од 140 земји. 

See also