Пишувањето е-пошта е една од универзално важните вештини, а сепак многу млади доаѓаат на работното место без да знаат како да напишат професионална е-пошта а не добиваат ниту обука.

Затоа подготвивме онлајн курс што ќе ги развие Вашите вештини за планирање, организирање, пишување и уредување. Во текот на курсот ќе научите техники што ќе Ви помогнат да пишувате е-пошта што други ќе сакаат да ја читаат и ќе можат подобро да Ве разберат. Со завршување на курсот ќе можете:

  • да применувате техники за планирање и организирање за она што ќе го напишете
  • да бидете соодветно за целта да проценувате и прилагодувате е-пошта за различна публика и ситуации
  • да го развиете и уредите писмото за да биде јасно, концизно и лесно разбирливо.

Курсот е погоден за сите вработени, особено за младите кои се во првите пет години од кариерата.

Цената на курсот е 42 фунти и опфаќа неограничен пристап до курсот се додека тој постои (ова значи дека ќе можете да ги користите материјалите во секое време) како и дигитален сертификат што ќе Ви биде од помош кога ќе аплицирате за работа или универзитет.    

Курсот „Како да пишувате подобра електронска пошта“ е исклучително флексибилен и ќе Ви одземе само четири часа неделно, во период од три недели, така што ќе можете да вежбате кога Ви одговара.