Родители, дали сакате да им помогнете на вашите деца да учат англиски полесно и со ваша помош? Знаете ли како може да му помогнете на вашето дете да научи да зборува англиски? Дали ви е потребен совет како да помогнете децата да учат англиски со песнички и сликовници?

Не барајте повеќе. Подготвивме серија брошури за тоа како вашите деца да учат англиски со вас и во исто време да се забавуваат.

Брошура 1 - Како малите деца го учат англискиот јазик како друг јазик

Првата брошура во оваа серија се однесува на тоа како малите деца го учат англискиот јазик како немајчин јазик. Која е предноста на раниот почеток и кои се фазите во усвојувањето на англискиот јазик?

Брошура 2 - Зборувајте англиски со вашето дете

Втората брошура во оваа серија е за тоа како да зборувате англиски за да му помогнете на вашето дете. Зошто родителите се најдобри учители, и како да дадете поттик и пофалба?

Брошура 3 - Учете англиски преку песнички

Третата брошура во серијата им помага на родителите да одберат, користат и рецитираат песнички со децата. Научете како да воведете и разберете нови песнички и како да изработите книга со песнички заедно со вашето дете.

Брошура 4 - Учете англиски преку читање сликовници

Четвртата брошура во оваа серија се однесува на користењето сликовници и како децата учат од нив. Дознајте како да одберете сликовница, која е вашата улога во запознавањето со нови книги и како да создадете домашна библиотека.