Кликни. Гледај. Учи.

The English Channel е бесплатна онлајн платформа што Ви помага да учите англиски и да ги изградите кариерните вештини преку интерактивни видеа.

Делот ‘Learn English’ нуди современа британска уметничка содржина во комбинација со интерактивни активности за вежбање на англиски јазик. Вежбајте ги англиските вештини преку разновидни видеа за филм, музика и стил. 

Делот ‘Build Career Skills’ е идеална платформа за студенти, млади работници и нови претприемачи кои сакаат да си ги прошират знаењата и да ги подобрат деловните вештини. Овде имате можност да истражувате различни содржини за подобро да ги разберете клучните вештини и идеи што ќе Ви помогнат да напредувате во кариерата или да почнете свој бизнис. 

Можете и бесплатно да се регистрирате за да отклучите нови содржини, да го следите напредокот и да добиете значки и сертификати што може да ги споделите на друштвените мрежи.