Two women with tablet image
Date
Четврток 26 февруари 2015 - 12.00
Локација
Центар за конференци и студии, НУБ, Скопје

Дали ве интересира како може да се применат новите технологии во области како културата и образованието? Дали сакате да дознаете како дигиталните алатки може да им помогнат на различни групи на луѓе кои имаат различни и специфични потреби? Сакате ли да слушнете како нашата национална библиотека ќе им помогне на лицата со оштетен вид?

НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ) со поддршка на Британски совет создадоа аудио плеер за лица со посебни потреби, кој има за цел да овозможи полесен пристап до аудио содржините обезбедени од Одделението за слепи и слабовидни лица при националната и универзитетска библиотека.

Аудио плеерот е резултат од проектот „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“ со кој Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) учествуваа на конкурсот „КулТИП 2014“ што го организиравме во соработка со Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ). На овој конкурс за иновативни решенија и за воведување нови дигитални технологии во културните институции беше доделена прва награда за аудио плеерот за лица со посебни потреби.

Дојдете на презентацијата на ова решение и дознајте ги можностите на оваа алатка.

Дознајте повеќе за КулТИП проектот.

Споделете на социјални мрежи