en/events/training-young-entrepreneurs
Date
Четврток 26 ноември 2015 - 10.00
Локација
Скопје, Македонија

Оваа конференција е созадена на едно место да ги донесе младите креативни умови и претставници на различни институции и организации околу една водечка тема - да се зголеми знаењето за одлуките и мерките кои треба да се превземат за да се применат најдобрите практики, политики, и поволно деловно опкружување за младинското претприемаштво.

Гости и говорници од сите земји од регионот и од Велика Британија за време на настанот ги споделија своите искуства на четири теми: претприемаштвото во образовните реформи, владини политики и мерки, перспективите на бизнис инкубаторите и улогата на младинските мрежи и организации.

Оваа конференција беше дел од регионален проект насловен како „Поттикнување на младинското претприемаштво во Западен Балкан“. Проектот го спроведуваме со поддршка на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и Северна Ирска (Форин офис). Целта на проектот е да даде поддршка на младите луѓе од регионот да започнат свој бизнис, како и да ги унапреди нивните вештини за вработување преку квалитетна програма на обука и искуства од Обединетото Кралство. Исто така, цел на проектот е и да ги поттикне носителите на одлуки во земјите од Западен Балкан да може да одговорат на потребите на следната генерација млади претприемачи.

 

Споделете на социјални мрежи