Date
Среда 25 ноември 2020 до Понеделник 30 ноември 2020

„Англиски онлајн“ е нашиот нов интерактивен курс, со кој вие со уште девет учесници сте во онлајн училница предводена од стручен наставник на Британскиот совет. На овој начин, вие го контролирате вашето учење - ги избирате темите на кои би сакале да се фокусирате, ги избирате времето и датумот на часот, како и наставникот што го води.

Од 25 до 30 ноември имаме специјална понуда за секој што ќе се претплати на некој од нашите месечни програми за учење. Без разлика која програма ќе ја изберете, ќе добиете 40% повеќе часови, целосно бесплатно.

За да се претплатите и да го купите вашиот месечен план за учење, само кликнете на копчето погоре и пополнете го формуларот за пријавување.