Date
Понеделник 20 Јануари 2020 до Понеделник 17 февруари 2020

Овој курс е наменет за лица што го учат англискиот јазик и се заинтересирани да дознаат нешто повеќе за британската култура, но и да ги подобрат вештините по англиски јазик.

На курсот ќе се користат куси видеа за да се претстави различна тема секоја недела, како што се англискиот како глобален јазик, животната средина, претприемништво и литература. Снимени во Велика Британија, овие видео записи ќе ви помогнат да ги развиете вештините за слушање додека гледате автентични примери на лица што зборуваат англиски.