Подобрете го англискиот јазик преку истражување на Магна карта, документ стар 800 години кој го промени светот.
Ќе навлезете во историјата и ќе откриете како англискиот крал во 1215 година потпишал договор кој станал важен симбол за слобода и човечки права насекаде во светот и вежбајте англиски.
Користејќи ги квалитетните содржини за учење англиски на Британски совет, овој курс ќе ви даде можност:
- да вежбате различни вештини онлајн
- да комуницирате со луѓе ширум светот
- да го подобрите англискиот
- да дознаете повеќе за Британската култура
Во секој дел од курсот преку видеа и текстуален материјал, нашите инструктори ќе ве водат низ темите и ќе обратат внимание на употребата на англискиот јазик.
Курсот Exploring English:Magna Carta нема да ви одземе повеќе од два часа неделно. Можете да вежбате во време кога најмногу ви одговара. Трае три недели, а можете да се приклучите и додека трае.
Бесплатниот онлајн курс започнува во понеделник, 30 ноември