Future Learn learning for life image
Date
Четврток 01 June 2017 - 00.00 до Сабота 31 Март 2018 - 00.00
Локација
Онлајн

Во соработка со FutureLearn редовно нудиме бесплатни онлајн курсеви и програми на нивната голбална социјална платформа за учење. Сите курсеви се бесплатни и се нудат на англиски јазик. Повеќето курсеви траат шест до десет недели и  бараат ангажман од околу два до шест часа неделно за учење. Има и курсеви кои траат две до три недели. За повеќе информации проверете го делот со најчесто поставувани прашања на страницата на FutureLearn.

Бесплатни курсеви на Британски совет

За платформата

FutureLearn е глобална социјална платформа која го претставува следниот бран на бесплатни, онлајн урсеви кои го поддржуваат доживотното учење. Платформата нуди курсеви до кои луѓето може да пристапат од било каде во светот на повеќе уреди.

Тимот кој ја води платформата е составен од професионалци од медиумскиот сектор и дигиталните индустрии. Нивната работа е поддржана од едукатори и стручњаци за учење од Отворениот универзитет кој има повеќе од 40-годишно искуство во учењето на далечина.

Повеќе од 20 врвни универзитети ширум Обединетото Кралство се партнери на FutureLearn. Дополнително, Британски совет, Британската библиотека и Британскиот музеј се културни партнери на платформата кои се согласија да споделат содржини и експертиза во заедничкиот развој на курсевите.