Date
Понеделник 10 февруари 2020 до Понеделник 02 Март 2020

Овој курс е фокусиран на тестот по Академско пишување.Ќе го истражувате форматот на тестот и ќе развивате стратегии за секој тип на задачи.

Ќе ги разгледате графиконите и табелите дадени во Задача еден во однос на тоа како да пристапите на задачата и јазикот којшто е потребен за да дадете успешен одговор.Ќе ги разгледате прашањата од Задача два и ќе научите како да планирате, пишувате и проверувате академски есеи.

Исто така, ќе се запознаете и со критериумите за оценување, она што испитувачот го бара и како успешно да пишувате за IELTS.