Нашите четири „Разбирање на IELTS“ курсеви ќе ви дадат целосни насоки за сѐ што сакате да знаете додека се подготвувате за IELTS тестот.
Секој курс трае три недели и ве води низ една од четирите фази на IELTS тестот – читање, пишување, зборување и слушање. Во секоја фаза добивате совет од нашиот видео ментор и тимот на искусни IELTS едукатори. Исто така, од вас ќе се бара и да споделите ваши искуства, совети и мислења со другите ученици.