Date
Понеделник 23 Март 2020 до Понеделник 20 Април 2020

Овој бесплатен онлајн курс е наменет за наставници по англиски јазик низ целиот свет. Курсот ќе ви помогне при развивање на вештини и пракси кои ќе ви требаат за продолжување на вашиот професионален развој.

Курсот нуди активно учество и ќе ви овозможи да ги споделите вашите искуства и мислења со другите наставници. Во текот на курсот ќе имате можност да го споредувате вашиот пристап на настава и вашето искуство со пристапот на многу други наставници од целиот свет, воедно дискутирајќи за различните видови на знаења потребни за наставниците.