Националната завршна конференција и усвојувањето на Декларацијата за еднаквост и за недискриминација - Да ги направиме еднаквите можности и недискриминацијата реалност, ќе се одржи на 18 март 2014 година, со почеток во 10:30 во хотелот Холидеј Ин.
Целта на оваа завршна конференција е да се претстават резултатите од двегодишното работење на проектот „Градење на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика за спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација“. На завршната конференција, институциите – учеснички во проектот ќе усвојат Декларација за институционална соработка и заедничко делување на полето на еднаквите можности, недискриминацијата и заштита на човековите права. Во рамки на проектот се оформи тим од обучувачи во полето на недискриминацијата, се изготвија прирачници за судиите и за државната и јавната администрација и се спроведоа 40 обуки за над 850 учесници ширум Македонија. Дополнително, изработен е е-модул за еднакви можности и разноликост, кој ќе биде дел од палетата е-обуки за државната и јавната администрација.
Конференцијата се организира како дел од проектот „Градење на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика за спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација“. Проектот го спроведува Британски совет во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и финансиски средства од Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија.