Date
Понеделник 02 ноември 2020 до Понеделник 30 ноември 2020
Локација
Онлајн настан

Придружете се на нашиот прв дигитален настан во Македонија за студии во Обединетото Кралство и дознајте што може да направи британското образование за вас. Цел месец ви нудиме бесплатна платформа на која може да дознаете сè што е потребно да знаете за студирање во Велика Британија.

Ќе ни се придружат повеќе од 30 универзитети од Велика Британија кои ви стојат на располагање за индивидуални сесии за сè што сакате да дознаете. Платформата, исто така, нуди информации за специјални универзитетски стипендии, како и најнови информации за студирање во Велика Британија.

Кој може да се вклучи на настанот?

Настанот е погоден за студенти од сите нивоа. Без разлика дали сте:

  • студент на додипломски, постдипломски студии или истражувате магистерска програма
  • искусен патник - или за прв пат одите во странство
  • сигурни во она што сакате да го студирате и универзитетот на кој сакате да се пријавите - или немате идеја од каде да започнете ова е вашата шанса да ги добиете потребните информации, директно од универзитетите и експертите.

Што ќе се случува на настанот?

Откако ќе се регистрирате на платформата, ќе можете:

  • да посетувате вебинари за специфични предмети и кариери и да слушнете за различни додипломски и постдипломски курсеви
  • да резервирате приватни онлајн разговори со универзитети од Велика Британија што учествуваат на настанот
  • да дознаете кои се трошоците за студирање и живеење во Велика Британија, вклучувајќи стипендии и други опции за финансирање
  • да ги добиете најнови информации за новите визи за студентите од ЕУ
  • да дознаете како да ја составите вашата пријава
  • да научите за барањата на англиски јазик за студии во Велика Британија
  • да поставувате прашања, да добиете одговори и да започнете со планирање на вашите студии во Велика Британија.

Како да се пријавам?

Настанот е целосно онлајн и е отворен од 2 до 30 ноември. Може да се пријавите од 5 октомври и да започнете да ја прелистувате платформата пред настаните да бидат во живо.

Треба да се пријавите само еднаш. Само кликнете на копчето за регистрација и ќе отидете на страница на која ќе одговорите неколку прашања за тоа од каде сте и што сакате да студирате. Штом добиете потврдна е-пошта, можете слободно да ја истражите платформата и да дознаете повеќе за универзитетите и предметите што ве интересираат.