Exam candidates talk about Bulats image

БУЛАТС (Business Language Testing Service) е меѓународно признат испит на Одделот за сертифицирање на англиски јазик при Универзитетот Кембриџ наменет за компании, организации и високо образовни институции. Обезбедува брза и сигурна проверка на јазичните вештини на поединци или групи на вработени или студенти. 

Наменет е да го утврди нивото на познавање на јазикот за вработени кои користат англиски во нивната работа и за студенти и вработени кои се дел од курсеви или програми за обука каде познавањето англиски јазик е важен елемент на образовните програми.

Тестот има два дела: читање и слушање и трае околу 85 минути.

ПОПЛАКИ И ПРИЈАВА НА НЕПРАВИЛНОСТИ НА ИСПИТ

 Ако кандидатот има некоја забелешка на начинот на одржување на испитот, мора веднаш по завршувањето на испитот да го контактира одговорното лице. Сите задоцнети поплаки нема да бидат земени во предвид. Ако кандидатот забележи некои неправилности на испитот, потребно е веднаш да ги пријави после испитот – ве молиме да го користите документот на крајот од оваа страница. 

Датуми, надоместоци и локации

Тестот БУЛАТС се полага во Скопје, Штип и Битола. 

Во Скопје тестот БУЛАТС се полага во просторите на Британски совет (Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, во зградата на Националната и универзитетска библиотека Св.Климент Охридски). 

Во Штип тестот БУЛАТС се полага на Универзитетот Гоце Делчев, а во Битола на Универзитетот Св Климент Орхидски. За да добиете повеќе информации за полагањата на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, следете го линкот. За да добиете повеќе информации за полагањата на Универзитетот Св Климент Орхидски во Битола, следете го линкот.

Уплатата од 2.600 денари треба да се направи во рок од 2 дена од пријавувањето. Британски совет го задржува правото да ја откаже пријавата на кандидатот, доколку нема уплата на испитната такса во предвидениот рок. 

Уплаќањето може да се направи на 2 начина:

- со интернет - картичка при самото пријавување, или. 

- на жиро-сметката на Британски совет 300000001838574 во Комерцијална банка. Уплатницата треба да ја пополните на следниов начин:    

Назив на примач: Британски Совет Македонија

Цел на дознака: БУЛАТС и датум на полагање, на пример: БУЛАТС за 26 јули.

Префрлување од една во друга сесија како и повраток на средства, не е дозволено, заради обемот на барања.

Пријавување за БУЛАТС

Датумите за полагање се објавени на интернет-системот за пријавување. Пријавувањето е онлајн

Подготовка за БУЛАТС

Може да проверите како изгледа тестот на веб страницата на БУЛАТС, со користење на следнава лозинка: DEMBULE1 (која ќе ви биде испратена преку е-пошта по вашето регистрирање).

Подготвителни материјали за БУЛАТС може да се најдат на: www.cambridgeenglish.org/exams/bulats/preparation/.

Исто така може да ги користите и нашите бесплатни електронски ресурси за учење на англискиот јазик: www.britishcouncil.mk/english/online.

На денот на тестот

Потребно е да дојдете во просториите на Британски совет барем 15 мин пред закажаниот термин и да понесете со себе важечка легитимација (исклучиво лична карта или пасош кои не треба да бидат оштетени или лепени). Тестот трае околу 85 мин.

БУЛАТС резултати

Резултатите се издаваат веднаш по полагањето, освен за кандидатите кои се пријавиле во последен момент и во тој случај резултатот ќе го добијат наредниот ден. Резултатите се изразени според долната табела на бодови и нивоа од Европската јазичната рамка на Советот на Европа.

Ниво Бодови
Под A1 0 – 9
A1 10 - 19
A2/ALTE1 20 – 39
B1/ALTE2 40 – 59
B2/ALTE3 60 – 74
C1/ALTE4 75 – 89
C2/ALTE5 90 – 100