Рефундирање
Можеме да ви го вратиме надоместокот за испитот само ако не сте полагале поради здравствени причини.
Во тој случај мора да поднесете: лекарско уверение, вашиот распоред и информации за трансакциската сметка на која ќе ви ги вратиме парите.
Барањето и придружните документи мора да бидат поднесени до Британскиот совет во Северна Македонија во рок од 5 дена од датумот на писмените испити, по што ќе ви бидат вратени 75% од надоместокот.
Сите одобрени барања за рефундирање се обработуваат по објавувањето на резултатите од испитите.
Надоместоците не можат да се префрлат од еден испитен рок во друг, или од едно ниво на испит во друго.
Средствата се враќаат само ако го пропуштите целиот испит (сите делови).