Your results
Your results image

Резултати

Најголем дел од резултатите ќе бидат објавени четири недели по денот на испитот освен за тестовите кои се полагаат на компјутер и кои резултати ќе бидат објавени по само две недели.

ПОЕДИНЕЧНИ КАНДИДАТИ

Сега кандидатите имаат директен пристап до своите резултати преку Онлајн услугата за резултати од оценувањето на тестот Cambridge English. Распоредот на секој кандидат  опфаќа различни детали, а  по е-маил се добива известување за тоа кога ќе почне објавувањето на резултатите. Кандидатите мора да ги чуваат распоредите се додека не ги добијат своите резултати.

ЦЕНТРИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Сите центри за подготовка што пријавуваат кандидати за испитите  Cambridge English  имаат пристап до резултатите на своите ученици и до потврдите зa нив ќе можат да дојдат директно на сајтот за оценката на овој тест. По пријавувањето ќе добиете е-маил со податоци за најавување, а кандидатите што се пријавени преку некој центар може да се пријават и за онлајн услугата за резултати.

Сертификати

Доколку сте го положиле испитот, ќе добиете известување по е-пошта дека сертификат е пристигнат, приближно два месеца по објавувањето на резултатите. Ако сте се пријавиле преку центар за странски јазици, вашиот сертификат ќе биде превземен од училиштето. Ако сте се пријавиле самостојно, сертификатот ќе може да се подигне од просториите на Британски совет или на ваше барање ќе ви биде испратен по пошта.

Се препорачува серификатите да се подигнат во најкус можен рок по добивање на известувањето дека истите се пристигнати. Британскиот совет нема обврска да чува сертификати постари од две години.

Тест Cambridge English за деца (YLE)

После полагањето на овој тест ќе добиете награда според оценката, а таа ќе го покаже вашиот успех во секој дел од тестот – слушање, читање и пишување, и говорење.

За секој дел од тестот ќе добиете еден, или повеќе штитови (најмногу пет), што значи дека за целиот тест може да добиете вкупно 15 штитови!

Резултатите за деца се издаваат  приближно осум недели после денот на испитот. Секој што ќе го заврши тестот добива награда која е насочена не на она што ученикот не може, туку на она што може да го направи. Едноставно, се  наградува самото учество на тестот.

Проширено сертифицирање

Од март 2011 година за тестот Cambridge English е воведено и проширено сертифицирање кое има за цел на голем број кандидати да им даде дополнително признание за јазичните вештини што ги покажале во овој испит. Со тоа  универзитетите, работодавците и другите организации ќе можат да добијат појасна слика за резултатите на кандидатите во однос на Европската рамка за јазици .

Дополнителни информации и примероци од сертификати:

Прашања околу резултатите

Доколку сметате дека вашиот испит е неправедно оценет, Cambridge English (што е подготвен од Одделот за сертификација на англискиот јазик при Универзитетот во Камбриџ) има силна и темелна постапка за прашања за резултатите,па може  да се погрижи сите компоненти да бидат проверени и, доколку тоа го побарате, тие можат да бидат повторно оценети (освен делот говорење). Ако сакате да поставите некои прашања во врска со вашиот резултат, тоа мора, во ваше име, да го направи Британскиот совет.

Постапката за прашања за резултатите има две фази:

Фаза Каква е постапката за прашањето Колку трае Колку чини?
Фаза 1 Повторна проверка од службеник Околу 5 дена 1300 денари
Фаза 2 Повторно оценување на сите пишани трудови* Околу 5 недели**

KET/PET 3800: денари

FCE/CAE/CPE/BEC: 5700 денари

*Оваа постапка не се однесува на делот од тестот со говорење.

**За да побара постапување според фазата 2, кандидатот мора веќе да ги има примено резултатите и да ја има завршено фаза 1.

Ако се одлучите да побарате повторна проверка на резултатот, пополнете го формуларот на крајот од оваа страница и испратете ни го по електронска пошта (info@britishcouncil.org.mk).

Јавете ни се

За повеќе информации околу испитите ве молиме да нè контактирате.

ПОПЛАКИ И ПРИЈАВА НА НЕПРАВИЛНОСТИ НА ИСПИТ

 Ако кандидатот има некоја забелешка на начинот на одржување на испитот, мора веднаш по завршувањето на испитот да го контактира одговорното лице. Сите задоцнети поплаки нема да бидат земени во предвид. Ако кандидатот забележи некои неправилности на испитот, потребно е веднаш да ги пријави после испитот – ве молиме да го користите документот на крајот од оваа страница. 

  • Whistleblowing policy (Microsoft Word 26KB)
  • Code of Conduct Raising Concerns (Adobe PDF 334KB)