What to expect on exam day
What to expect on exam day

Во овој дел ви даваме неколку препораки и совети за тоа како да постапувате за време на писмениот и на говорниот испит.

Што да правите на писмените испити

ПРЕД НА ПОЧНЕ ИСПИТОТ

  •   Задолжително имајте пенкало, молив, гумичка за бришење, потоа  пасош/лична карта и вашиот распоред.
  •   Бидете на местото на полагање барем 30 минути порано.
  •   Најдете ја просторијата во која треба да полагате, а надзорникот ќе ве извести кога е време да влезете.
  •   Држете го вашиот распоред при рака. Запомнете го вашиот број како кандидат. Ќе бидете сместени во одредена просторија и на работна маса точно врз основа на тој број.

ЗА ВРЕМЕ НА ИСПИТИТЕ

прЕд ПОчеток  на полагањето:

  • Исклучете го мобилниот телефон, како и сите аларми/потсетници.
  • Исклучете ги другите електронски уреди, вклучително и алармите на вашиот часовник.
  • Мобилните телефони и другите предмети што не се дозволени (книги, торби итн.) ставете ги на местото што ќе го определи вашиот надзорник.
  •  Може да имате шише со вода, но треба да го ставите на подот до вашето столче за да се избегнат  евентуални инциденти.
  • Откако ќе седнете, надзорникот ќе побара да го види вашиот пасош/лична карта и вашиот распоред за да утврди дека вие сте вистинскиот кандидат.
  • Надзорникот ќе ви ги подели прашањата (и во некои случаи одделни листови со одговори и/или празни листови хартија)
  • Ако на листот со вашите прашања името не е точно, ве молиме веднаш да го известите надзорникот.
  • Надзорникот ќе ви даде конкретни упатства за секој лист. Ве молиме да внимавате и доколку имате некои прашања околу постапката, нив да му ги поставите на надзорникот.

КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИСПИТОТ:

  • Прочитајте ги упатствата на првата страница.
  • Не ги отворајте прашањата додека тоа не ви го каже надзорникот.
  • Надзорникот ќе ве извести за времетраењето за решавање на секој тест. Потрудете се сите задачи да ги завршите во определеното време бидејќи нема да ви биде дадено дополнително време за пренос на одговорите на посебниот лист за одговори.
  • Надзорникот ќе ве извести дали за одговори на прашањата на секој лист треба да користите молив, или пенкало.
  • За пишувањето: ве молиме да пишувате во рамките на сивите линии во просторот даден во листот со прашања. За завршување на грубата работа користете ги  празните листови.
  • За слушањето: тестот е поделен во делови, а снимката на це-де е целосна, со сите потребни паузи и упатства за кандидатите. Секој дел ќе се преслуша два пати. Ќе ви биде дадено време да ги пренесете вашите одговори, а це-дето ќе ве извести и кога е завршен тестот.
  • Не смеете да зборувате, да држите, или да користите недозволени предмети (како мобилни телефони, на пример), бидејќи со тоа ризикувате да бидете дисквалификувани.
  • Ако сакате да одите во тоалет, од безбедносни причини, мора да ве придружува надзорникот.
  • За паузата за користење тоалет нема да ви биде дадено дополнително време.
  • Надзорникот ќе ве потсети кога ќе има уште 10 и уште 5 минути до крајот на писмените прашања.

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ИСПИТОТ:

  •    На крајот од тестирањето ќе ви кажат кога треба да ги оставите пенкалата, или моливите.
  •    Пред да ви дозволи да ја напуштите просторијата, надзорникот ќе ги собере прашањата, листовите со одговори и со грубата работа. Треба да останете на вашето место се додека заврши сето тоа.

ПО ИСПИТИТЕ

  •     Пред да ја напуштите просторијатавнимавајте да си ги земете сите ваши предмети.
  •     Уверете се дека имате примерок од вашиот распоред зашто до резултатите ќе може да дојдете само со помош на кодовите дадени во вашиот распоред.

ПРИЈАВУВАЊЕ ИНЦИДЕНТИ

  •  Ако за време на испитот се случи нешто што може да влијае на вашата работа (на пример: ако за време на тестот сте болни, или ако бучава го попречува вашиот тест за слушање) за тоа треба веднаш  да го известите супервизорот/надзорникот.

Што да правите на испитите по зборување

  • Земете го со себе вашиот пасош/лична карта и вашиот распоред.
  • Бидете на местото на полагање барем 20 минути пред почетокот.
  • Најдете ја просторијата каде што се одржуваат испитите по зборување.
  • Координаторот ќе го провери вашиот документ со фотографија и ќе го спореди со регистарот на присутни. Откако ќе се направи оваа проверка, ќе треба да останете на местото сè до почетокот на тестот.
  • Додека го чекате вашиот ред  ќе треба да бидете тивки  за да не го попречувате полагањето на другите кандидати.
  • Доколку утврдите грешка во пишувањето на вашето име, треба веднаш да го известите координаторот и тој ќе направи забелешка за поправка.
  • Исклучете го вашиот мобилен телефон (и другите електронски уреди). Ставете ги вашите работи на местото што ќе го одреди вашиот координатор.
  • Тестовите за зборување се спроведуваат во двојки. Надзорникот, согласно распоредот, ќе определи со кој од другите кандидати ќе полагате.
  • Во случај некој да има отсутни, двојките ќе бидат преаранжирани за да се избегнат доцнења.
  • Ќе ви биде даден лист за вашите оценки; немојте да го превиткувате, да го туткате, или да пишувате врз него. Кога ќе влезете во просторијата каде што се одвива испитот, листот мора да му го предадете на испитувачот.
  • Ако бројот на кандидати е непарен, последните кандидати што го полагаат тестот ќе формираат група од тројца, бидејќи испитите не можат да се спроведуваат со еден кандидат.

Фотографии на денот на испитот

Фотографирање на денот на тестот се задолжителни за испитите PET, FCE, CAE, CPE и BEC, како и за КЕТ за оние кандидати на кои им треба резултатот за британска виза. Фотографирањето може да се изврши на денот на писмениот, или на усниот тест.

Сите кандидати, или во нивно име родител/старател, мора да потпишат соодветна согласност: 

  • Секој кандидат мора датумот на испитот да достави формулар за согласност за фотографирање;
  • Задолжителен е и формулар за согласност за фотографирање од родител, или од старател  за кандидати помлади од 18 години.