Business English

Асоцијацијата за лиценцирани сметководители е најголемото и најбрзо растечко меѓународно тело за сметководители, броејќи повеќе од 300,000 студенти и членови во 160 земји.

Зошто да полагате АЦЦА испит на компјутер?

  • Флексибилност: испитите може да се полагаат еднаш месечно преку целата година. АЦЦА ви нуди голема флексибилност во однос на повторно полагање на одреден испит, односно нема ограничување на бројот на повторно полагање.
  • Инстант резултати: По завршувањето на тестот резултатите може да ги видите на компјутерскиот екран.
  • Достапност на резултатите:во рок од 72 часа вашите резултатите ќе бидат објавени од страна на овластениот центар и достапни на вашиот АЦЦА профил.

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ВАШИОТ ИСПИТ

  • Внимателно проверете дали сте ги пополниле сите полиња. Особено важно е полето со информациите за вашите контакт детали доколку имаме потреба да ве контактираме.
  • Обележете ги точните испити и датуми за полагање
  • Потпишете ја пријавата
  • Побарајте потврда за вашето пријавување од АЦЦА, бидејќи во случај на неуспешно пријавување пред рокот за поднесување на пријавите нема повраток на средствата.
  • Извршете го плаќањето
  • Испратете ја вашата пријава на info@britishcouncil.org.mk

ДАТУМИ И КРАЈНИ РОКОВИ

Промена на датум на испит не е дозволено, и затоа е важно да го одберете точниот датум на вашиот испит.

Месец Краен рок за пријавување Датум на испит
Септември 2018 Вторник , 4 Септември 2018 Вторник , 18 Септември 2018
Октомври 2018 Среда, 3 Октомври 2018 Среда , 17 Октомври 2018
Ноември 2018 Среда, 3 Октомври 2018 Среда , 14 Ноември 2018
Декември 2018 Среда , 28 Ноември 2018 Среда , 12 Декември 2018

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

Име на испит Надоместок
FA1, FA2,MA1, MA2 7.500 ден по испит
F1, F2, F3 8.800 ден по испит
FAB, FFA, FMA 8.800 ден по испит
F4 10.000 ден по испит

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ИСПИТИТЕ

Испитите кои се полагаат на компјутер траат два часа и се организираат во еден од следните термина:

Сесија Време
Прва сесија 10.00–12.00
Втора сесија (само доколку првата е пополнета) 13.00–15.00

ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ВАШАТА ПРИЈАВА И ПОТВРДА

Вашата пријава ќе биде разгледана во најкраток можен рок.

Потврда за успешно пријавување ќе добиете по електронска порака во рок од три дена по извршеното плаќање. Ако не добиете повратен одговор ве молиме да не контактирате. Доколку нема слободно место за бараниот датум, ќе ви предложиме друг алтернативен датум.

МЕСТО НА ПОЛАГАЊЕ

Компјутерската лабараторија за испити во канцеларијата на Британски совет. Треба да сте присутни 30 минути пред започнувањето на испитот.

РЕЗУЛТАТИ

Резултатите може да ги видите веднаш по завршувањето на испитот.

Повраток на средства

Нема повраток на средствата уплатени за полагање на испит. Исто така нема повраток на средства за грешка при избор на испит или предмет.

Барања за повраток на средства може да се земат во предвид само во следните случаи:

  • Хоспитализација или сериозна повреда
  • Загуба – смрт на родител, старател, брат/ сестра или дете

Барањето за повраток на средства мора да биде поднесено најмалку 3 дена пред испитот и подлежи на административна такса во изност од 20% од вкупната сума.

Идентификација

Кандидатите треба да приложат АЦЦА членска картичка и еден од следните документи:

  • Валидна лична карта
  • Пасош.

На кандидатите кои нема да приложат валиден документ за идентификација нема да им биде дозволено да полагаат.

Отсуство од испит

Доколку отсуствувате од испит поради некоја причина која не е наведена погоре, нема да ви биде дозволено барање за повраток на средства. Доколку не сте во можност да присуствувате поради болест, мора веднаш да го информирате одговорното лице во Британскиот совет и да приложите медицинска белешка како доказ.

Симнете ја пријавата.