Испит ИЕЛТС за Агенцијата за визи и имиграција во Британија

Дали ви е потребен доказ за нивото на познавање на англискиот јазик за барање до Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство (UKVI)?

Испитот ИЕЛТС е на листата на Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство (UKVI) на одобрени Сигурни тестови за англиски јазик (SELT). Доколку ви е потребен резултат од тестот ИЕЛТС како дел од вашето барање до Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство (UKVI), вие ќе треба да го полагате тестот на одредена локација за тестирање одобрена од страна на UKVI.

За да дознаете дали е потребно да го полагате испитот ИЕЛТС за UKVI и кое ниво е потребно да го постигнете, проверете на веб страницата UK Visas and Immigration website за повеќе информации.

Забелешка: Ако се пријавувате за студентска виза Tier 4 кај доверлив спонзор (HTS), ве молиме проверете на официјалниот Регистар на спонзори на следниот линк Register of Sponsors пред да се пријавите.

Предупредување 

Известени сме за лажни веб-страници кои преку имама даваатинформации дека се страници на Британски совет за регистрација за ИЕЛТС. Најљубезно ве известуваме дека тие не се поврзани со нас на било каков начин. Исто така, ние не сме одговорни за содржините кои се наведени на овие веб-страници.

За да бидете сигурни дека вашите податоци се безбедни, ве молиме пријавете се за вашиот тест само со кликнување на линкот за регистрација на оваа страница или на веб-страницата TakeIELTS.

Пред да ги внесете вашите лични податоци, ве молиме проверете дали го користите нашиот безбеден онлајн систем за регистрација. За да се осигурате, проверете дали адресата на веб-страницата започнува со "https://". Покрај ова, лажните веб-страници може да користат неточни и правописни грешки во адресата на веб-страницата, па проверете дали "British Council" е правилно напишан.

Ако не сте сигурни, ве молиме користете ја оваа страница за да се пријавите за ИЕЛТС.

ИЕЛТС академски испит за Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство

Овој тест е за кандидати кои сакаат да посетуваат додипломски или постдипломски студии и за оние кои бараат професионална регистрација во Обединетото Кралство. Тестот ги вклучува вештините слушање, читање, пишување и зборување.

Резервирајте веднаш
Проверете кој резултат ви е потребен

ИЕЛТС испит од општо познавање за Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство

Овој тест е за кандидати кои сакаат да мигрираат во Обединетото Кралство и за оние кои сакаат да се обучуваат или да учат на ниво кое е пониско од универзитетското. Тестот ги вклучува вештините слушање, читање, пишување и зборување.

Резервирајте веднаш
Проверете кој резултат ви е потребен

ИЕЛТС животни вештини на ниво А1

Овој тест е за оние кои треба да ги докажат своите вештини за зборување и слушање на англиски јазик како дел од нивното барање до Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство за член на семејството, брачен или вонбрачен партнер.

  • Нивото А1 е во склоп на Европската јазична рамка (CEFR) и е еквивалентно на ESOL Entry 1 на Националната квалификациска рамка (NQF).
  • Тестот ги вклучува вештините зборување и слушање.

Резервирајте веднаш
Проверете кој резултат ви е потребен

ИЕЛТС животни вештини на ниво Б1

Овој тест е за оние кои треба да ги докажат своите вештини за зборување и слушање на англиски јазик како дел од нивното барање до Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство за државјанство/доселеничка виза.

  • Нивото Б2 е во склоп на Европската јазична рамка (CEFR) и е еквивалентно на ESOL Entry 3 на Националната квалификациска рамка (NQF).
  • Тестот ги вклучува вештините зборување и слушање.

Резервирајте веднаш
Проверете кој резултат ви е потребен

ДОКОЛКУ ОВА НЕ Е ТОА ШТО ГО БАРАТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ПОСЕТЕТЕ ГИ НАШИТЕ СТРАНИЦИ НАМЕНЕТИ ЗА ИЕЛТС ЗА СИТЕ ДРУГИ ПОТРЕБИ.