Кога резервирате тест за ИЕЛТС, добивате и ексклузивен и бесплатен пристап до онлајн подготвителен курс „Road to IELTS Last Minute курс“ од Британскиот совет, кој вклучува 100 интерактивни активности, 9 видео упатства и два Академски практични тестови за ИЕЛТС за секој од четирите вештини.
Ве молиме имајте предвид дека учесниците на тестот кои се на возраст под 18 години треба да достават писмена согласност од родител или старател за да аплицираат за место за тестирање. ИЕЛТС не се препорачува за кандидати помлади од 16 години.
ИЕЛТС во Северна Македонија се доставува преку нашиот официјален партнер Центар за странски јазици – Скопје. Ве молиме погледнете ја нивната веб-страница за повеќе информации.
Тестови што ги нудиме |
Надоместок |
Достапни датуми за тестирање |
---|---|---|
ИЕЛТС академска верзија |
14,000 МКД |
|
ИЕЛТС општа верзија |
14,000 МКД |
|
ИЕЛТС тестовите за UKVI |
15,500 МКД |
Откако ќе се пријавите за тестот
Ќе добиете е-пораки со кои се потврдува времето на започнување на вашиот тест и адресата на местото на одржување како и пристап до бесплатни онлајн курсеви за подготовка: Road to IELTS Last Minute Version и IELTS Ready: Premium.
Преземете ги и прочитајте ги нашите “Информации за кандидатот” за да дознаете сè што треба за тестот.
Услови и правила на ИЕЛТС
Прочитајте ги условите за полагање ИЕЛТС.