Нашите официјални ИЕЛТС тест центри може да ви помогнат ако имате визуелни, слушни, говорни или тешкотии во учењето. Доколку ви е потребна модифицирана верзија на ИЕЛТС, ве молиме известете го центарот за тестирање три месеци претходно.
Доколку е потребно да се направат посебни аранжмани (на пример, дополнително време), ве молиме известете го центарот за тестирање шест недели претходно.
Вашите способности за англиски јазик ќе бидат објективно оценети, без оглед на тоа дали сте имале некаква попреченост или посебни потреби.
Што е вклучено во посебните аранжмани?
- тестови со Брајово писмо
- специјално CD за слушање со потребни сопирања и паузи
- верзија за читање од усни за тестот со слушање
- зголемено печатено писмо или картички со Брајово писмо за задачата за заборување.
Каква помош можам да добијам?
Ако имате оштетување на видот, може да ви обезбедиме:
- зголемен отпечатен текст
- тестови со Брајово писмо
- стенограф/препишувач за да ги запише одговорите за вас.
Ако имате потешкотии со слухот, може да ви понудиме:
- специјална опрема за засилување на звукот
- верзија за читање од усни за модулот со слушање.
Ако имате дислексија, може да ви обезбедиме:
- дополнително време за тестовите за читање и пишување.
Ве молиме, контактирајте го вашиот локален тест центар колку што е можно побрзо доколку имате посебни потреби за кои може да биде потребна модифицирана верзија на тестот ИЕЛТС.