Откажување на тестот ИЕЛТС

Ако го откажете вашиот ИЕЛТС тест до пет недели пред датумот на тестирање, ќе добиете поврат минус административниот надомест од 20% од надоместот за тестирањето.

Имајте предвид дека за повраток на дел од уплатените средства може да се потребни четири до шест недели за обработка.

За да ја откажете вашата пријава, ве молиме да го преземете и пополните Образецот за поврат на средства или поместување на датумот на тестирањето и испратете ги преку електронска пошта на info@britishcouncil.org.mk. (Ве молиме, имајте предвид дека треба да го потпишете образецот). Документите можете да ги најдете подолу во делот за преземање.)

Ако во рок од пет работни дена од датумот на тестирањето се достави оригинално лекарско уверение со кое се потврдува болеста на датумот на тестот, заедно со Образецот за поврат на средства или за поместување на датумот на тестирање, надоместот се враќа, минус административниот надомест од 20% од надоместот за тестирање.

Се прифаќаат само оригинални лекарски уверенија на локален јазик или на англиски јазик. Доколку не ги добиеме двата потребни документи до петтиот работен ден по тестот, ќе бидете означени како отсутни и ќе ги загубите сите можни побарувања.

Копии испратени по факс или е-пошта не се прифаќаат. Препорачуваме да ги испратите лекарските уверенија преку препорачана пошта. 

Имајте предвид дека не прифаќаме белешки за боледување издадени од членови на семејството.

Барање за поместување на денот на тестирање

Ако треба да го промените датумот на тестот од датумот за кој првично сте се регистрирале, можете да побарате поместување на денот на тестирањето до пет недели пред датумот на тестирање, со пополнување на образец и уплата од 700 денари. После овој датум, префрлување во друга сесија е можно само поради здравствени причини, при што треба да приложите доказ/ медицинска белешка. Оваа услуга не се наплаќа.

Ве молиме, имајте предвид дека новиот датум за тестирање мора да биде во рок од три месеци од оригиналниот датум. Во случај на болест, поместувањето е возможно во рок од пет седмици од тестот, ако се обезбеди оригинално лекарско уверение во рок од пет работни дена од датумот на тестирање, заедно со Образецот за поврат на средства или за поместување на датумот на тестирање.

Ако добиете поместување на нов датум на тестирање (пред тестот или поради болест) и сте болни на вториот датум за тестирање, тогаш немате право на враќање на надоместот за тестирање, ниту пак на понатамошно поместување на нов датум на тестирање.