Доколку планирате да го полагате тестот ИЕЛТС и сакате да вежбате кога и каде Ви одговара, а притоа да користите квалитетни материјали за учење, симнете ги нашите бесплатни апликации за подготовка за ИЕЛТС. 

IELTS PREP APP

Иако се фокусира на деловите Слушање и Говорење од тестот, апликацијата ќе Ви помогне да го проширите речникот, да вежбате граматика и да разберете што треба да правите кога ќе го полагате тестот. Ќе може да го тестирате Вашето знаење со граматички вежби, со тестови за Слушање и Говорење и со гледање видеа од интервјуа за делот Говорење од ИЕЛТС. 

Нашата апликација за подготовка за ИЕЛТС го следи Вашиот напредок и ги објаснува критериумите за оценување на ИЕЛТС за да знаете дали сте подготвени да го положите тестот со потребниот резултат. 

Превземете: iOS | Android