On the day of your test
On the day of your test image

Најверојатно ќе се чувствувате малку нервозно на денот на тестирањето. За да помогнеме работите да течат непречено, составивме одредени информации што ќе ви помогнат да разберете што ќе се случува на денот на тестирањето.

КОГА ТРЕБА ДА ПРИСТИГНЕТЕ?

Тестот почнува во 9.00 часот. Сепак, препорачуваме да дојдете до 8.30 часот за да имате доволно време да се сместите.

За жал, доколку пристигнете по започнувањето на тестот нема да ви биде дозволено да влезете во просторијата за тестирање. 

КАКОВ ДОКУМЕНТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА ТРЕБА ДА НОСАМ СО СЕБЕ?

Треба да понесете пасош или лична карта, наведени како документ за идентификација во вашата пријава. Возачки дозволи и студентски легитимации не се прифаќаат како документи за идентификација.

За жал, кандидатите без важечки пасош или лична карта нема да можат да го полагаат тестот.

ЗОШТО МЕ ФОТОГРАФИРАТЕ?

Безбедноста на тестирањето за ИЕЛТС е важна за нас. Како дополнителна мерка, нашите вработени во службите за полагање испити ги фотографираат кандидатите на денот на тестирањето како за во пасош. Фотографијата се појавува во вашите резултати (исто така познати како Образец на извештајот од тестот). Оваа постапка е задолжителна.

Кандидатите под 18-годишна возраст мора да имаат согласност потпишана од родителот, односно од законскиот старател за да можеме да ги фотографираме.

ШТО МИ Е ДОЗВОЛЕНО ДА ВНЕСАМ ВО ПРОСТОРИЈАТА ЗА ТЕСТИРАЊЕ?

Во просторијата за тестирање дозволено ви е да носите:

  • Документ за идентификација
  • Молив и пенкало (моливот ви треба за тестот по слушање и читање)
  • Гума 
  • Пластично шише вода без етикета

Во просторијата не смеете да внесувате ништо друго, дури ниту вашиот часовник.

ШТО ДА ПРАВАМ СО ДРУГИТЕ РАБОТИ, КАКО ШТО СЕ МОИТЕ ЧАНТА И ПАЛТО?

Има гардероба каде што треба да ги оставите сите други работи. Гардеробата ќе биде заклучена за време на тестирањето. Британскиот совет не е одговорен за губењето или оштетувањето на вашиот личен имот на местото на тестирањето. Според тоа, препорачуваме да ги оставите дома вредните работи, како мобилни телефони и компјутери.