Патот до ИЕЛТС е популарниот курс на Британскиот совет за подготовка за испитот. На овој начин ќе ја добиете најдобрата можна подготовка за тестот ИЕЛТС. Со Патот до ИЕЛТС добивате:

  • Интернет-ресурси, како за академскиот така и за општиот модул на тестот ИЕЛТС
  • Зони за вежбање со електронски книги за да се подготвите за деловите од тестот поврзани со слушање, читање, пишување и зборување
  • Видеоматеријали со совети од претходните кандидати
  • Наставни материјали во коишто е нагласено што да правите, а што да не правите при тестирањето
  • Тестови за вежбање со ограничено време
  • Дел наречен „Мојот напредок“ кој ќе ви помогне да ги споредите вашите резултати со резултатите на другите студенти ширум светот
  • Дел наречен „Мој профил“ кој ќе ве потсети дека наближува датумот на тестирањето

Како Пат до ИЕЛТС ќе ви помогне?

Патот до ИЕЛТС ви помага на неколку важни начини:

  • Веднаш добивате повратни информации во однос на постигнатиот напредок за да може да го следите личниот напредок
  • Пристап до точните одговори на вежбите за да може да ги увидите своите грешки
  • Корисни совети што ќе ви помогнат да ги подобрите резултатите на тестот
  • Вежби базирани на реални тест-прашања од ИЕЛТС што ќе ви помогнат да ја подобрите самодовербата пред тестот

Може уште веднаш да ги испробате нашите ресурси во рамки на Патот до ИЕЛТС со 10 часови бесплатно учење.

Откако ќе се регистрирате за ИЕЛТС тестирање, кај нас ќе може бесплатно да користите дополнителни 20 часа материјали за учење.

Алтернативно, може веднаш да преминете на Патот до ИЕЛТС: целосна верзија и да дознаете повеќе за целосната верзија на овој производ за електронско учење, вклучувајќи и информации за пакети за претплата.