Доколку сакате да полагате ИЕЛТС и ви треба помош при  подготовка, ние можеме да ви помогнеме. Регистрирајте се за бесплатниот вебинар „Успех во ИЕЛТС“ за да дознаете што да очекувате за време на испитот и да добиете детални упатства за секој од четирите дела: слушање, читање, пишување и зборување. За време на вебинарот, нашиот инструктор ќе ви даде корисни совети кои ќе ви помогнат да добиете најдобар можен резултат за секој дел од испитот.

Вебинарот ќе биде на англиски јазик и ќе трае околу 90 минути. Ќе имате шанса да комуницирате со ИЕЛТС инструктор и да поставите прашања. Во случај да се пријавите, но не можете да присуствувате, ќе ви пратиме линк до снимката на вебинарот.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Ви препорачуваме да се пријавите што е можно порано, бидејќи бројот на учесници е ограничен и местата ќe бидат распределени по принципот кој прв се пријави местото е негово. 

Откако ќе се пријавите, ќе ви испратиме емаил со детални упатства за тоа како да се најавите и да пристапите на вебинарот.

Еден ден пред вебинарот ќе ви испратиме потсетување. Ако имате било какви дополнителни прашања за ИЕЛТС испитот или вебинарот, слободно контактирајте не.

ПРЕТСТОЈНИ ВЕБИНАРИ

ДАТУМ

ТЕМА

петок, 29 cептември Global Study Awards
cреда, 11 oктомври Success in IELTS
четврток, 26 oктомври Success in IELTS

ЗА ОБУЧУВАЧОТ

Севил Акин ја започна својата кариера како волонтер наставник за време на нејзиното високо образование во Лондон. По нејзиното дипломирање, таа ја заврши својата почетна обука за наставници во Прага и Париз.

Од 2004 година работи како наставник во Чешка, Франција, Кувајт, Тајланд и Турција. Акин предавала на голем број на наставници и студенти во разни образовни институции. Таа работи во Британски совет од 2013 година, каде што има спроведено 25 ИЕЛТС семинари за повеќе од 1.500 учесници.