Prepare for your test day
Prepare for your test day image

Ако сакате да ги добиете резултатите што ги заслужувате, треба однапред да се подготвите за тестот. Треба да учите англиски јазик што е можно повеќе и, исто така, да се осигурите дека знаете што може да очекувате на денот на тестирањето. Составивме неколку совети што ќе ви помогнат да успеете:

Совети за успех

  • Осигурете се дека сте запознаени со форматот на тестот за да избегнете какви било изненадувања на денот на тестирањето.
  • Вежбајте со помош на прашањата за вежбање и проверете какви се критериумите за оценување за ИЕЛТС.
  • Снимајте се себеси како зборувате англиски, односно како ги решавате тестовите за вежбање зборување на ИЕЛТС. Потоа преслушајте ја снимката за да видите кога сте неодлучни, кога повторувате зборови, кога правите граматички грешки и кога можеби зборувате премногу брзо – ова се четирите клучни аспекти на тестот за зборување.
  • Подвлечете ги клучните зборови во прашањата за време на тестовите за слушање, читање и пишување: осигурете се дека знаете што точно треба да содржи вашиот одговор. Исто така, направете план на вашите одговори на тестот за пишување пред да почнете да одговарате. 
  • Научете ги и идентификувајте ги синонимите (различни зборови со исто значење). Во тестовите за слушање и читање често пати ќе забележите одреден клучен збор во прашањето, потоа ќе видите/слушнете различен збор со исто значење во текстот – треба да ги правите овие поврзувања. Користењето синоними исто така е корисно и во тестовите за зборување и пишување за да ја покажете разновидноста на вашиот фонд на зборови.
  • Внимателно проверете ги вашите одговори на деловите за слушање и читање. Осигурете си дека исправно ги следите упатствата, во спротивно може да изгубите поени.
  • Добро одморете се ноќта пред тестот и осигурете се дека ќе стигнете на местото на тестирањето најмалку еден час претходно. Доцнењето нема да ви помогне да го постигнете најдоброто што можете.

За информации и поддршка може да ги прочитате нашите Совети за денот на тестирањето за ИЕЛТС, односно брошурата со информации за кандидатите за ИЕЛТС.